Владата на Непал прогласи тридневна жалост по големиот земјотрес во кој загинаа над 4.300, а над 8.000 се повредени.
Непалците бесни на властите бидејќи биле бавни, почнаа сами да ги пребаруваат урнатините за да најдат остатоци или преживеани. Во земјата пристигна и меѓународна помош. Индија и Кина први го поддржаа Непал по катастрофата, а САД соопшти дека ќе обезбеди 9 милиони долари помош.
Речиси 1.5 милиони Непалци имаат потреба од помош во храна. ОН наменија од фондот за итно реагирање во вонредни ситуации 15 милиони долари, со цел да се помогне на загрозените. Овие средства ќе бидат наменети за обезбедување на погодените региони со вода за пиење, медицински стоки и логистички услуги.
Најсилниот земјотрес во историјата на земјата е во 1934 година, кога е регистриран земјотрес со интензитет од 8,0 степени по Рихтер. Тогаш Катманду, Бхактапур и Патан беа речиси целосно уништени.




