ЈОРСМ попладнево информира дека со оглед на јавната реакција на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која објави кандидатура за градоначалник на Центар и добила покана за распит по приватна кривична пријава, надлежната јавна обвинителка телефонски ја контактирала Ивановска и и дала можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.
За да се спречат какви било шпекулации, Обвинителството објави дека во предметот постапува ЈО Адела Бојчевиќ.