НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради голем пожар во тетовско Јажинце затворени патот кон граничниот премин и граничниот премин

0
By Marija Todorovska on August 15, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: ЦУК
Фото: ЦУК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради пожар во близина на Јажинце затворен за сообраќај е патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево, а затворен е и граничниот премин.

Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот е запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата Рогачево и Јажинце, кој е во близина на пат, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија.

Информацијата ја потврдуваат и од ЦУК и од МВР, од каде појаснуваат оти е затворен и граничниот премин.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека директорот Мухамед Али и командантот на Бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувнал во Јажинце.

Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување, велат од ЦУК.

Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

За пожарот известување упати и МВР кое вели дека поради пожар во близина на Јажинце, прекинат е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Јажинце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции, велат оттаму, презема мерки за гасење на пожарот.

Од МВР апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Јажинце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.

граничен премин пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.