НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тито нè гледаше, Мицкоски го гледаме

0
By Marija Todorovska on August 18, 2025 ИЗБОР
Фото: Скриншот Слободен Печат
Фото: Скриншот Слободен Печат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На телевизија, на радио, во весник и на сите 257 портали пријавени во ДИК, секојдневно ќе прочитате нешто за авантурите на премиерот, кој неуморно е посветен на сите проблеми со кои се справува Македонија.

Срѓан Ивановиќ
Дали се сеќавате на приказната од осмолетка, онаа за децата што ја гледале закачената на ѕид фотографија од Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Југославија? Кога првото дете рекло Тито мене ме гледа, а истото го рекло и второто. И третото дете се вклучило со истата констатација дека Тито од фотографијата го гледа токму него. Сагата завршува така што наставникот ја прекинува кавгата на децата, со тврдењето дека „Тито сите вас ве гледа“.

Ова беше типична доза на пропаганда што секој ученик требаше да ја „впие“ на дневна основа во социјалистичкиот систем. И тоа не беше многу страшно, бидејќи сите ние во суштина знаевме дека се работи за пропаганда и дека ќе треба потоа да продолжиме со нашите животи како ништо да не се случило на часот по македонски јазик, на кој ја обработувавме приказната за Тито и за неговите очи и вчудовидените деца.

Но, тоа се случуваше во „историски поразениот комунистички режим“, кој беше „заменет со демократски и граѓански концепт“ во кој „нема место за пропаганда“. Односно, во новиот систем пропагандата ја нарекуваме со друго име – политички маркетинг, а наместо легенди и митови за Тито, денес читаме и гледаме вести за Христијан Мицкоски. И перфектно добро знаеме дека се работи за пропаганда, пардон политички маркетинг.

На телевизија, на радио, во весник и на сите 257 портали пријавени во ДИК, секојдневно ќе прочитате нешто за авантурите на премиерот, кој неуморно е посветен на сите проблеми со кои се справува Македонија.

Еве, ако јас лажам, интернетот не лаже. Деновиве ни беше лиферувана информацијата дека претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ги посетиле припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и присуствувале на презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила во касарната во Штип.

На 20 мај ни пристигна најавата дека Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на проектот реконструкција на улици во населба Ново Делчево во Општина Делчево. Десетина дена подоцна, тој се возеше по оние 17,5 километри пуштени на автопатот Кичево – Охрид, а во меѓувреме ја пречека и еврокомесарката Марта Кос, задолжена за проширувања на ЕУ во Скопје. Мицкоски на 2 јуни присуствувал на свечена академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика, а на 23 мај ѝ бил домаќин на Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика.

На 11 август Мицкоски ја даде следната изјава: „Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили“, коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од Вреди, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, дека војната на УЧК била праведна, разумна и чиста. Истиот ден, интересно, Мицкоски кажа и дека „ова е прва Влада што вложува директно во општините за граѓаните над 300 милиони евра“. Дека истиот ден имал навистина набиена агенда, докажува и тоа дека премиерот дал уште една изјава, во која искрено се отвора пред јавноста, велејќи дека би сакал секој работник во Македонија да зема најмалку 1.000 евра плата. Круната на денот, мислам на истиот 11 август, е кога Мицкоски прави предвидување за изборите, прогнозирајќи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден ден подоцна, Мицкоски од патриотско-прогнозерски води се префрла на економско-социјална политика, па вели дека „Владата не сака да донесе популистички мерки, туку трајно решение за цените на храната“. Да, така кажа. Наредниот ден кажа и дека пожарот кај Јасен бил предизвикан од гром, а понаредниот дека е залудно да се очекуваат какви било резултати од ваквото обвинителство. Истиот ден кажа и дека ние имаме најниска цена на струја во Европа.

Точно е дека Мицкоски не нè гледа сите како од приказната за Тито, ама факт е дека сите ние го гледаме него. Постојано, секојдневно, по неколкупати во денот. Како сапунска опера со илјадници продоженија или некакво реално шоу.

Не е првпат во нашата историја да имаме таков омниприсутен лидер. Не, не мислам на Тито, туку алудирам на оној што сега живее во Будимпешта, а кој на времето излегуваше од фрижидери. Ништо страшно, само олабавете малку.

Текстот е сопственост на Слободен Печат

Мицкоски срѓан ивановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.