Во близина на Чернобил, стотина пожарникари се обидуваат да спречат ширење на шумски пожар, за да не предизвика повторно ширење на радијацијата.
Украина е на готовс, а на терен се резервните сили на Националната гарда и полицијата, додека пожарот во моментов го гасат 182 пожарникари со 34 возила.
– Ситуацијата околу нуклеарката Чернобил е влошена, објавил министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, на својата Фејсбук страна.
Пожарот дошол на 15 до 20 километри од самата нуклеарка во која во 1986. година дошло до најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Станува збор и за најголем пожар кој ја погодил Украина од 1992. година.
Вистинската опасност доаѓа од согорување на билките кои во себе содржат радиоактивни материи, предупредил екологот Кристофер Бусби.




