Published: Wednesday, April 29, 2015 12:22
Во Босна и Херцеговина денеска е прогласен Ден на жалост по нападот на вахабист во полициска станица во Зворник.
Во нападот беше убиен полицаецот Драган Џуриќ, а повредени беа двајца негови колеги Жељко Гајиќ и Стево Миловановиќ.
Нападот го изврши 24-годишниот Нердин Ибриќ од село во близина на Зворник. Џуриќ ќе биде погребан денеска на гробиштата во Каракај, во близина на Зворник, со највисоки полициски почести.




