Во светло на последната „бомба“ на опозицијата која, според нивните тврдења, открива како министри и високи функционери заговараат нов закон врзан со работата и контролата на разузнавачките служби, НОВА репризира една од видео сториите посветена токму на носењето на контроверзниот закон.
Многу контроверзи се врзани за работата на македонската тајна полиција, но една од најголемите веројатно е онаа за тоа како и колку пари трошат. Во изминатите 8 години колку што е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијаков никогаш не се појавил лично во парламентот за да даде извештај за работата пред Комисијата за контрола на тајните служби. Претседателите на ова тело со години се жалат дека се оневозможени да си ја вршат својата работа. Од друга страна, буџетот на полицијата од 2006 година наваму постојано расте за денеска да биде една од институциите со најголем буџет. Во 2014 овој буџет изнесуваше 218 милиони долари, од кои што 170 милиони се издвоение за безбедносни работи. Само за споредба, во 2006 година буџетот изнесуваше 146 милиони долари. Или, да речеме, буџетот на Министерството за транспорт и врски кое е надлежно за целата инфраструктира во земјава има буџето кој изнесува 73 милиони долари во 2014, односно три пати помалку од полицијата. Погледнете ја видео репортажата на Сашка Цветковска објавена во емисијата Еврозум во која што пратеници и поранешни директори на тајна служба зборуваат за тоа како (не) функционира контролата врз тајната полиција.