Агенцијата за филм на Република Северна Македонија информира дека македонскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски се претстави со исклучителен успех на 31. Сараевски филмски фестивал кој се одржа од 15 до 22 август.
Филмот беше дел од најпрестижната фестивалска програма – главна конкуренција за долгометражен игран филм, каде што ја освои публиката и критиката, и оствари 3 значајни награди: UniCredit Audience Award – Best Feature Film – награда на публиката за најдобар долгометражен филм, со највисока просечна оцена од гледачите 4.9, што е највисок резултат меѓу сите долгометражни филмови на фестивалот, Special Youth Perspectives Award – посебна награда на жирито „Младински перспективи“ во висина од 7.500 евра од Советот на Европа и
Cineuropa Prize – награда на престижниот европски филмски портал Cineuropa во износ од 5.000 евра.
Со овие три признанија, „Диџеј Ахмет“ се вброи меѓу најнаградуваните и најистакнати филмови на овогодинешното издание на Сараевскиот фестивал.