Published: Friday, May 1, 2015 10:33
По смртта Афроамериканецот Фреди Греј, протестите кои избија во Балтимор се проширија и во Филаделфија. Граѓаните се бесни на полициското насилство.
Како што известуваат американските медиуми, речиси 1.000 луѓе во Филаделфија се обиделе да блокираат важна меѓудржавна магистрала, но биле разбиени од страна на полицијата.
Протестите во Балтимор и понатаму траат, а полицијата очекува засилени маршеви за време на викендот.
Како резултат на немирите во Балтимор оваа недела, повредени се околу сто полицајци, од кои најмалку 40 хоспитализирани.
Градот ќе биде под полициски час од 22:00 до 5:00 часот наутро, воведен ден по насилствата, што доведе до над 250 приведени. Од нив 106 биле ослободени по 48 часа без подигнато обвинение.




