НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

0
By Marija Todorovska on September 2, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел: По повод Деновите на европското наследство 2025, кои годинава се посветени на архитектурата, денеска илјадници згради и културни установи ширум Европа ќе ги отворат своите врати за посетителите, а ќе бидат организирани и туристички тури, изложби, работилници, претстави и дигитални перформанси.

Фокусот оваа година е на архитектурата, не само како наследство што треба да се зачува, туку и како жив запис за тоа како заедниците живеат, се прилагодуваат низ генерациите и обликуваат поодржлива иднина, соопшти Европската комисија.

Целта на ставањето на фокусот на архитектурата е да се даде поширока претстава за значењето на зградите во пракса, како се тие направени, кому му користат и како ги одразуваат променливите потреби низ општествата.

Идентитетот на секој град, село и населено место низ Европа е обликуван од неговата архитектура. Таа дава значење и чувство на припадност на местата што ги нарекуваме дом, изјави еврокомесарот за меѓугенерациска праведност, млади, култура и спорт Глен Микалеф, по повод одбележувањето на Европските денови на наследството.

Според него, начинот на кој го заштитуваме и цениме нашето архитектонско наследство ја одразува онаа Европа што сакаме да им ја пренесеме на идните генерации.

Зачувувањето на тоа наследство е почит кон нашето минато, а воедно и градење поинклузивна културна, социјална и еколошка иднина, додаде Микалеф.

Деновите на европското наследство се чествуваат од 1989 година на иницијатива на Советот на Европа, а од 1999 година кон нивното одбележување се приклучи и Европската комисија, финансирајќи проекти преку програмата „Креативна Европа“. Само за овогодишните Денови на европското наследство, Еврокомисијата одвои 400.000 евра.

Покрај, големиот број настани и манифестации во рамки на Деновите на европското наследство се доделуваат и награди насловени „Европа Ностра“ за извонредни достигнувања кои промовираат најдобри практики и поставуваат нови стандарди во зачувувањето и промоцијата на материјалното и нематеријалното наследство на Европа.

Добитниците на овие награди за 2025 година ќе бидат објавени на посебна церемонија на 13 октомври во Брисел.

архитектура денови на европско наследство европа ностра ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.