НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвениот крст ќе поставува знаци за да ги предупреди на опасност бегалците

0
By Менче Атанасова Точи on May 3, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на оваа недела ќе бидат поставени 20 знаци, на 15 црни точки по железничките пруги во државата. Инцијативата е на Црвениот крст во соработка со Високиот комесаријат за бегалци. Таблите ќе бидат светлечки и ќе ги предупредуваат на опасност бегалците кои ноќе се движат по пругите.

Во Црвениот крст велат дека знаците ќе бидат на напишани на осум јазици: англиски, француски, арапски, македонски, урду, дари, банга и тигранија.

„Таблите ќе бидат со димензи 70 на 70 сантиметри и ќе бидат поставувани на метална шипка, таму каде што им опасност по човечки животи,мост, длабок засек или железничка станица., изјави за НОВА Сузана Тунева од Црвениот крст на Скопје.

Мобилни тимови на Црвениот крст ќе започнат да ја следат состојбата уште при влез во државата на границата со Грција, во Гевгелија. Тие ќе разговараат со луѓето, ќе им делат летоци. Во УНХЦР велат дека со летоците кои ќе бидат дистрибуирани ќе се предупредуваат мигрантите на опасностите, но и дека можат да побараат азил или престој во државата. Зачудува зошто оваа организација не превзема мерки за да им помогне на бегалците. Од таму велат дека не сакаат да се мешаат се додека бегалците не побараат азил.

„Тие се во сива зона и се додека не побараат азил, не можеме да се мешаме, велат кратко од таму.

Но, бегалците не си ги знаат своите права, односно нема кој да им ги каже кога ќе влезат во државата. Не знаат дека може да побараат престој во државата, немаат право на превоз со автобус или воз и затоа се движат ноќе по железничките пруги кои им се патоказ кон Србија, а од таму на пат кон Европа. На тоа патешествие се изложени на напади од разни банди и криминалци кои ги пљачкосуваат.

Ова е првпат откако настана хуманитарната криза, во Македонија да се превземаат мерки за безбедност на бегалците кои доаѓаат од Азија и Северна Африка. Деновиве се оргазираа и граѓани по социјалните мрежи, самоиницијативно, од сопствени средства да помогнат во поставување на знаци за предупредување за да им го олеснат патот на бегалците. Но, наместо државата која треба да се организира и да се грижи во вакви ситуации тоа го прават хуманитарните организации и граѓаните.

Пред два месеца, Црвениот крст за првпат донесе лекар сириец, во прифатилиштето во Гази Баба каде што се сметени по 300-400 бегалци, во нехигиенски и нехумани услови иако капацитетот на објектот на старата градинка е само за 100 луѓе.

Македонија се најде на црната листа, со над 27 загинати по железничките пруги, а фотографиите и снимките од прифатниот центар во Гази Баба го поминаа светот и најдоа ударно место во сите светски медиуми.

За новиот бран на бегалци кој доаѓа кон Македонија, за неподготвеноста на државата за хуманитарната криза која и се случува, за катастрофалните услови за престој на бегалците во државата, ќе може да гледате во емисијата ПРОЦЕС, вечерва на НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.