Published: Sunday, May 3, 2015 15:56
Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави дека босанските безбедносни служби добиле дојава со закани за нов терористички напад во земјата.
Тој истакнал дека информацијата е добиена од една партнерска служба од регионот дека постојат индиции и разузнавачки податоци за можен нов терористички напад во БиХ.
Мектиќ нагласи дека сите безбедносни агенции во БиХ сериозно ја сфатиле и реагирале на оваа информација, што ќе придонесе за нејзино расветлување.
Мектиќ потврди дека неколку дена пред нападот врз полициската станица во Зворник постоела одредена информација која пристигнала до сите безбедносни служби во БиХ, а укажувала на фактот дека е можно да биде извршен одреден терористички напад.




