Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Со потпретседателот на Влада комуницирам на англиски јазик, се труди да го научи македонскиот јазик

0
By Marija Todorovska on September 11, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2025 14:53

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека нема да се повтори случајот во кој на промоцијата на новите таблички на службените возила вицепремиерот Арбен Фетаи во изјава за медиумите зборуваше само на албански јазик, без да има превод. Мицкоски денеска рече дека со Фетаи комуницираат само на англиски затоа што се иселил од државава на шест години, но оти во изминатите 15 месеци се труди да го научи македонскиот јазик.

Мицкоски денеска на новинарско прашање какви постапки ќе преземе се извини во свое име и рече оти е убеден дека и Фетаи ќе го стори истото.

Оцени дека на Фетаи „не му е таа намера како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се труди да го учи и зборува македонскиот јазик“, како и дека „единствената грешка е што немало преведувач во ситауција кога некој се одлучил да се обраќа само на албански јазик“.

Имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Влада на англиски јазик. Зошто?  Затоа што тој од својата шеста година е отселен од Македонија и живее во Белгија и говори течно четири јазици, француски, холандски, англиски, итн. Нашата комуникација се одвива на ангиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија зад себе. Школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста бидејќи се обидува, се труди да го учи и зборува македонскиот јазик и знам изминатите 15 месеци коку енергија вложува во тоа.  Единствената грешка во случајот е ако одлучи некој да се обраќа на албански јазик да си носи со себе преведувач. Јас во мое име се извинувам на новинарите и убеден сум бидејќи веќе разговаравме со потпретседателот, дека тој ќе го стори истото и таа грешка нема да се случи повеќе во иднина, изјави Мицкоски, кој беше во посета на ГОБ „8 Септември“.

македонски јазик Мицкоски потпретседател на влада Фетаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.