Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Одговорност, независна истрага и конкретни чекори за да нема нови фемициди

0
By Zoran Ivanov on September 17, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 17, 2025 19:00

По уште еден трагичен фемицид, овојпат во Велес, каде Росица, жена која со месеци живеела во страв и неколкукратно го пријавувала насилникот, е брутално убиена, СДСМ бара итна оставка од Тошковски и кривична одговорност за секој кој со своето непостапување придонел за ова брутално убиство, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ како партија која ги донесе законските измени со кои фемицидот е препознаен како кривично дело во кривичниот законик и која прва го препозна ова злосторство како посебна, најтешка форма на насилство врз жените, остро реагира на фактот дека овој закон не се спроведува доследно.

Законот не е украс на хартија. Тој е обврска – правна, институционална и морална. Ако системот дозволил жена да биде убиена и покрај тоа што била слушната, тогаш тоа е тешка кривична и етичка одговорност.

Бараме итна и независна истрага за институционалните пропусти во овој случај. Не смее да има службеник, полициски службеник, социјален работник или било кој вклучен во системот на заштита што ќе се скрие зад бирократски оправдувања. Секој кој не постапил, а имал обврска, мора да сноси последици.

Но она што го прави овој момент уште потрагичен е што владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со своите последни законски измени прави токму спротивното од она што е потребно – наместо да гради институционални механизми за заштита, тие ги бришат.

Бришењето на родово базираното насилство од формуларите за пријава на булинг се недозволиви на што СДСМ многу пати реагираше. Со еден збор, ВМРО-ДПМНЕ преку овие измени индиректно го поттикнува насилството уште од најрана возраст.

СДСМ бара целосната имплементација на Националната стратегија за превенција и примена на одредбите од законите. Но тоа не е доволно ако институциите не работат. Затоа, ќе бараме конкретни чекори – протоколи што се обврзувачки.

Животот на секоја жена мора да биде заштитен со сила на државата. Држава што не ги штити жените, е држава што ги остава на милост и немилост на насилниците. И ова мора да запре сега, соопштува СДСМ.

 

оставки СДСМ Фемицид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.