Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Насилството раѓа насилство – време е за одговорност

0
By Zoran Ivanov on September 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 17, 2025 22:03

Сепак, паралелно постојат и случаи на судско-медицински вештачења кои се прават по нарачка, нестручно и пристрасно, со што се носат неправични судски одлуки. Тие мораат да бидат предмет на сериозна проверка, бидејќи ја разградуваат довербата во правдата. Кога младите заминуваат – нацијата умира.

 Стојан Бајрактаров

Насилството раѓа насилство – тоа е стара вистина која постојано ја потврдуваме, а сепак како општество одново ја игнорираме. Доколку не се превенира и не се санкционира, насилството не исчезнува — напротив, се шири како зараза. Токму затоа казнивоста на семејното насилство не е само правна формалност, туку морален и цивилизациски императив.

Институционално молчење наместо заштита

Сведоци сме на хронично непостапување на надлежните институции, и на игнорирање на бројни пријави од жртви. Полицијата често одбива да започне постапка сѐ додека жртвата не приложи психијатриски извештај — како психијатрите да сме истражен орган, а не здравствени професионалци. По тоа започнуваат институционални лавиринти кои траат со месеци и години, без исход.

Давањето изјави пред инспектори и обвинители често е трауматично искуство — како жртвата да е обвинет, а не жртва. А потоа, повторно молк, одлагање и непостапување. Сите сме сведоци како ваквите случаи премногу често завршуваат со убиства — јавни, брутални, најавени. Потоа сите се виновни — освен оние што се навистина одговорни.

Професионалците се борат — системот отсуствува

Како психијатар, секојдневно се среќавам со жртви на насилство. И можам одговорно да тврдам: огромното мнозинство лекари, психијатри, психолози, социјални работници и медицински сестри си ја вршат својата работа одговорно и посветено. Тие обезбедуваат стручна поддршка за жртвите и навремено ги пријавуваат случаите. Особено би нагласил дека Универзитетска клиника за психијатрија има долга традиција на високо професионално делување во оваа област и на обезбедување континуирана поддршка за жртвите на насилство. Имаме многу позитивни примери, како нашата социјална работничка која со посветеност помага на многу жртви..

Сепак, паралелно постојат и случаи на судско-медицински вештачења кои се прават по нарачка, нестручно и пристрасно, со што се носат неправични судски одлуки. Тие мораат да бидат предмет на сериозна проверка, бидејќи ја разградуваат довербата во правдата.

Кога младите заминуваат – нацијата умира

Жртвите на насилство не се грижат за политички игри и престиж — тие сакаат заштита, сигурност и правда. Но нашето општество, наместо да се мобилизира, гледа настрана. Години слушаме „доста е, мора да дејствуваме“, но ништо суштински не се менува.

Се вели дека светот им припаѓа на младите — но младите веќе дејствуваат: тие си заминуваат. Не сакаат да живеат во општество каде стравот е секојдневие, каде нема перспектива, каде правдата е случајност. Заминуваат затоа што сакаат да живеат во општества каде ќе се чувствуваат безбедно, ќе напредуваат и ќе има иднина за нивните деца.

А ние? Ние како нација сме во процес на самоубиство. И за тоа не се виновни ниту соседите, ниту Европејците, ниту некакви „демони“ — виновни сме самите ние.

Дали може поинаку? Веројатно да. Но првиот предуслов е да престанеме со оправдувањата дека „секогаш друг е виновен“ и дека „се направило сè што може“. Недостига токму она што може да ја раздвижи оваа закоравена состојба: самокритичност и чувство на одговорност. Без тоа, нема надеж за промена.

Да, ваквата морална ерозија не е само наша — денес светот е полн со војни и убиства на деца, а реакциите се речиси непостоечки. Но историјата покажува дека по секоја мрачна фаза доаѓа период на отрезнување и враќање на разумот. Ако тоа се случи, ќе дојде и моментот кога и кај нас ќе преовладуваат правото и разумот.

Ова не е судбина – ова е избор

Ако сакаме нашите млади да останат, мораме да изградиме општество во кое нема да се плашат, туку ќе можат да сонуваат. Во кое животот ќе вреди повеќе од политичките калкулации.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна стојан бајрактаров ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.