Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен ден на еднакви плати – просечниот родов јаз во платите 12,7 отсто

0
By Marija Todorovska on September 18, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 18, 2025 11:30

На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите или за секој долар што го заработува маж, жената зема околу 80 центи (извор: ILO, Pay transparency can address the gender pay, 2022), информира Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) по повод 18 Септември, Меѓународниот ден на еднакви плати.

Во Европската Унија, како што велат, просечниот родов јаз во платите во 2023 година изнесува 12,7 отсто (извор: Eurostat). Најголем јаз е забележан во Латвиа (19%), додека во Луксембург жените заработуваат повеќе од мажите, со родов јаз од 0,9 проценти.

Во нашата земја иако со измените на Законот за работни односи се пропишани еднаква плата и еднаков третман во однос на вработувањето, условите за работа, професионалните шеми за социјално осигурување и забрана за дискриминација (член 6), практиката покажува дека законските гаранции не се доволни. Родовиот јаз во платите во 2022 година изнесува 13,5 проценти. Просечната годишна бруто-заработувачка на мажите била 615.725 денари, додека кај жените 532.625 денари. Најголема разлика во просечната годишна бруто-заработувачка помеѓу мажите и жените има кај вработените на возраст од 45-49 години. Од аспект на степенот на образование, најголем родов јаз се јавува кај вработените eсо високо образование. (ДЗС, Мажите и жените, 2025), се посочува во соопштението од GEA.

Овие разлики, како што се потенцира, се должат на повеќе фактори како што се пониска застапеност на жените на раководни функции, дискриминација на пазарот на трудот, поголема концентрација во сектори со пониско вреднуван труд, како и фактот дека 80–90 отсто од работниците што примаат минимална плата се жени. Дополнително, постојат хоризонтална сегрегација – недоволно вреднување на „женските“ професии, и вертикална сегрегација – помала веројатност жените да добијат унапредување и раководни позиции.

меѓународен ден на еднакви плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.