Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски: Во Центар ќе победат Центарци – црната кампања немна да ги поколеба пак да ме гласаат

0
By Zoran Ivanov on October 31, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 31, 2025 20:14

Герасимовски вели дека е еден од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг.

Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин, преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци не проаѓа, изјави Герасимовски.

Според него, противкандидатот настапува без реална понуда за граѓаните и со програма што е буквално препишана од неговата. Потенцираше дека граѓаните се доволно информирани, но и мудри да направат јасна и праведна разлика.

Центарци знаат да проценат, но знаат и да донесат правична одлука. Убеден сум дека во вториот круг ќе ја добиеме целосната поддршка и дека предноста ќе се зголеми двојно – изјави тој.

Герасимовски нагласи дека во текот на целиот свој мандат се водел исклучиво од интересот на граѓаните и од принципите на транспарентност и рационално трошење на јавните средства. Како што рече, еден е од ретките градоначалници кој во изминатите четири години нема потрошено ниту еден денар на непродуктивни трошоци, како патувања, скапи ресторани, патни трошоци и дневници.

Тоа е добар пример како треба да се менува перцепцијата кај граѓаните, дека градоначалникот не е некој што седи во фотелја и троши, туку некој што одговара пред граѓаните за секој денар – порача тој.

Во изминатиот мандат, Општина Центар реализирала капитални проекти во вредност од 13 милиони евра. Општината, како што посочи, не е дополнително задолжена, а наследените долгови се намалуваат. Неговите очекувања се дека целосно ќе се раздолжи општината во текот на следната година.

Граѓаните го препознаа домаќинското работење. Препознаа дека работиме целосно во нивен интерес – и затоа верувам дека поддршката што ја добивме досега ќе прерасне во уште поголема доверба, изјави Герасимовски.

 

Герасимовски локални Победа центарт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.