Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

0
By Zoran Ivanov on November 18, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 18, 2025 11:33

Париз: Францускиот весник „Ле Монд“ објави дека во рамките на Европската комисија се води жестока борба за контрола над европската дипломатија, споредлива со интригите од серијата „Игра на престоли“.

Според весникот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, сè повеќе ја концентрира моќта во своите раце, потиснувајќи ја дипломатската служба што ја предводи шефицата на европската дипломатија, Естонката Каја Калас.

Урсула фон дер Лајен концентрира сè повеќе моќ на штета на дипломатската служба која сега делува изолирано“, наведува францускиот весник, укажувајќи дека внатрешните односи меѓу двете функционерки се развиваат во насока на сериозен судир.

Од стапувањето на должност кон крајот на 2024 година, Каја Калас настојува да се избори за поголемо влијание и да излезе од сенката на Фон дер Лајен, која, како што се истакнува, самостојно презема иницијатива во клучните дипломатски и безбедносни прашања. „Ле Монд“ оценува дека натпреварот за контрола на европската дипломатија во рамките на Комисијата е „достоен за Игра на престоли.

Фон дер Лајен неодамна изјави дека Украина ризикува следната година да се најде во „економска блокада“ поради растечките трошоци за продолжување на вооружениот судир, што само дополнително го зајакна впечатокот дека претседателката на Комисијата го задржува главниот збор во европските надворешно-политички одлуки.

Судирот на надлежности и влијание меѓу Фон дер Лајен и Калас, како што пишува весникот, станува едно од клучните прашања на внатрешното функционирање на ЕУ, во моментот кога европската дипломатија е соочена со големи предизвици – од украинската криза до растечките глобални тензии.

 

дер лајен Калас ла монд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.