Нома ресторанот кој важи за најдобар во светот веќе 3 години, беше принуден да се извини откако беше објавено дека повеќе од 60 луѓе имале труење со храна во февруари во период од 5 дена, јави Би-Би-Си.
Албанецот со македонско потекло Рене Реџепи е човекот кој е заслужен за признанијата на Нома, како шеф на овој врвен ресторан.
Здравствените официјални лица изјавија дека во ресторанот во Копенхаген гостите страдале од повраќање и дијареа.
Се уште нема податоци од што е предизвикано труењето, но извештаите велат дека изворот може да биде болест од вработен во кујната.