Нападите во Куманово ќе бидат тема на разговор на следниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки и земјите партнери на НАТО, кој ќе се одржи кон крајот на оваа недела во Анталија, соопшти генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Тој вели охрабрен е од фактот што сите избрани политички лидери во земјата го осудиле насилството и повика сите да останат мирни.
Столтенберг рече дека се радува што е избегната ескалација на ситуацијата, при што македонската полиција била подготвена и се справила со ситуацијата, но за жал со човечки загуби.
Столтенберг посочи дека НАТО ќе го следи одблиску развојот на настаните во Македонија и повика на транспарентна истрага за нападот со цел да се превенира нешто слично да не се случи повторно.




