Published: Tuesday, May 12, 2015 11:02
Нов земјотрес, со јачина од 7.4 степени го погоди денеска Непал, кај градот Намче Базар, близу Монт Еверест. Земјотресот што го погоди Непал на 25.април, во кој загинаа 8.000 луѓе, беше со јачина од 7,8 степени.
Засега нема информација дека некој е повреден.
Потресот бил почувствуван дури во главниот град на Индија, Делхи, како и во главниот град на Бангладеш, Дака.
Епицентарот бил 83 километри источно од Катманду во рурална област блиску до кинеската граница. Ударот бил во длабочина на 18,5 км, според Американската геолошка одредба. Земјотресот на 25 април бил на длабочина од 15 км.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела долго време и дека се кренала прашина и камења летале од блиската планина.




