Линеарното зголемување на пензиите не е укинато, а дури и да се укине, пензионерите нема да добијат помали пензии, туку ќе добијат покачување согласно законското усогласување.
Бранко Тричковски
Одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите веќе е донесена и пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот, што значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добиваат помала пензија од следниот месец.
Рече премиерот од собраниската говорница која е на растојание од околу тристотини метри од институцијата која “решила 70 отсто од пензионерите да добиваат помала пензија”.
А од која во исто време стигна следната информација:
Линеарното зголемување на пензиите не е укинато, а дури и да се укине, пензионерите нема да добијат помали пензии, туку ќе добијат покачување согласно законското усогласување.
И ништо.
Премиерот никој не го прашува зошто испрати лажна порака која ги вознемири пензионерите, зошто така вулгарно се расправа со една судијка на Уставниот суд (Кацарска) и со Уставниот суд како институција, како и со јавниот обвинител.
Кој е надлежен да го повика на одговорност поради ширење на лажна вест со опасни последици врз широк слој од граѓаните.
Особено затоа што е така со сите теми.
Со фамозниот идентитет.
Со Евроспката унија.
Со Бугарија.
Со гигантските чекори во економијата и социјалата со кои сме се искачиле на трето или пето место во Европа.
Со секојдневното малтретирање на Филипче и Заев.
И на обвинителите и судиите.
Која работа тој ја има завршено согласно своите надлежности на добробит на граѓаните и на целото општество и на државата?
Има ли таква?
Јас мислам дека се што работи е спротивно на елементарните интереси на луѓето.
Не како резултат на мрзата, туку како резултат на систематичноста која стои зад поразителните резултати и процеси.
Општеството во кое чувствителноста и припадноста доминираат над фактите, не може да допре до вистината, а без вистината не е можна не само правдата, туку не е можно општеството како организирана заедница.
Тоа е општиот резултат на вмровизацијата на Македонија.
И тоа го покрива со неподнослива пропаганда која ги фрла граѓаните во очај и резигнација.
Знам дека ќе одговара на избори, но Македонија нема време да чека избори.
Од Фејсбук ѕидот на автпорот




