Време е Европејците да престанат слепо да го следат американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да создадат свој мировен план за Украина, изјави денес европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус.
ЕУ мора да биде независна или барем подготвена да биде силна во геополитичките случувања, вклучително и да има свои планови за тоа како може да се воспостави мир во Украина и да ги дискутира со своите трансатлантски партнери, изјави Кубилијус за бриселскиот портал „Политико“.
Тој додаде дека нови планови се појавуваат на секои шест месеци и дека има чувство дека Европа чека планови да пристигнат од Вашингтон, нагласувајќи дека плановите треба да дојдат и од Брисел или Берлин.
Европскиот комесар за одбрана истакна дека е „многу важно“ Европа да создаде свој план за завршување на војната за да обезбеди место на преговарачката маса.
Треба да имаме можност да разговараме за два плана: еден европски и друг, можеби, подготвен од нашите американски пријатели, додаде тој.




