Барателите на азил кои ќе бидат одбиени во Обединетото Кралство, можеби ќе се враќаат во С. Македонија, пишуваат денеска повеќе медиуми, како британскиот весник „The Times“.
Балканската земја е во формални преговори со В елика Британија за тоа да биде една од базите каде би се враќале азилантите, со што премиерот Кир Стармер се надева дека ќе се намали бројот на мигранти кои доаѓаат на островот, пишува „
Обединето Кралство исто така ќе се согласи да инвестира во земјата и ќе понуди безбедносни гаранции како помош за справување со заканата од Русија, како дел од договорот, се тврди во текстот објавен во британскиот весник.
Според овие информации, нашата држава формално ги започнала разговорите за ова прашање со Обединетото Кралство уште оваа есен и е една од малиот број држави кои водат преговори со Велика Британија, за отворање на вакви бази каде би се враќале одбиените баратели на азил.
Мигрантите би биле депортирани и ќе им биде понудена можност да побараат азил во Северна Македонија, но нема да бидат приведувани или да се соочат со рестрикции на нивното движење, со што ќе имаат можност да ја напуштат земјата ако сакаат тоа да го направат. Ќе бидат охрабрувани да побараат азил во секторите во кои има голем недостаток на работници, како градежниот сектор, пишува весникот.
Косово исто така е во преговори со Обединетото Кралство за отворање на ваква база за бегалците, откако владата во Приштина веќе се согласила да прими илегални мигранти од Соединетите американски држави.
Инаку, ова прашања и претходно беше отворено како дилема, при што македонски власти негираат дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство не предвидува прием на мигранти. „Бидете спокојни таква работа кај нас ќе нема“, ја уверуваше премиерот Христијан Мицкоски македонската јавност кон крајот на мај.




