Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петокот изјави дека ги посетил трупите кои ги одбиваат руските напредувања кај опколениот град Купјанск, за кој Москва минатиот месец тврдеше дека повторно го зазела, но Киев негира, објави АФП.
Украина претходно соопшти дека нејзината армија повторно зазела две населени места во северниот дел на Харковскиот регион и ги потиснала руските трупи назад во Купјанск, стратешки важен град.
Многу Руси зборуваа за Купјанск. Бев тука, им честитав на момците. Благодарам на секоја единица, на секого што се бори тука, на секого што го уништува окупаторот, рече Зеленски, носејќи панцирен елек, во видео објавено на Телеграм.
Тој не ја откри точната локација, но АФП го геолоцираше Зеленски на патот на влезот во југозападниот дел на градот.




