Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Измените на Законот за странци претставуваат нов доказ за вистината за која владејачкото мнозинство се обидува да воведе цензура.

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 19, 2025 13:28

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека измените на Законот за странци, усвоени во септември оваа година, претставуваат „нов доказ за вистината“ за која, според неа, владејачкото мнозинство се обидува да воведе цензура.

Кузеска оцени дека неодамна усвоената Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ имала за цел да ја замолчи опозицијата и да спречи јавна дебата за прашања од висок јавен интерес.

Немаат како да се борат со вистината за една голема тема – мигранти за пари. Затоа сакаат да воведат цензура против слободата на говорот, изјави Кузеска.

Таа најави дека СДСМ ќе објави нови докази и порача дека граѓаните сами треба да заклучат „дали и што е договорено“.

Според Кузеска, клучен доказ се измените на Законот за странци, со кои, како што рече, значително се олеснува постапката за добивање дозвола за привремен престој и работа на странци, особено за оние ангажирани на стратешки проекти и кај стратешки партнери.

Во измените јасно се гледа дека се воведуваат исклучоци со кои полесно се одобрува престој за странски работници на стратешки проекти, без оглед на квотите и без мислење од надлежните институции, изјави Кузеска.

Според неа, во член 83 се воведуваваат неколку „исклучоци“ со кои полесно ќе се добива дозвола за странец односно економски работници кои работат на стратешки проекти и со стратешки партнер.

Став 1. Цитирам: По исклучок, привремен престој заради работа ќе се одобри и на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, независно од искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Република Северна Македонија, односно без издавање на мислење од страна на Агенцијата.

Став 3: „За странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се издава потврда дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот. Потврдата дека правниот субјект е со статус на стратешки партнер каде работи странецот, ја издава Министерството за економија и труд.“

Дали има стратешки проекти и стратешки партнер? Да. На кого се однесува ова олеснување? На сите им е јасно“, тврди портпаролката на СДСМ, па додава:

„Член 85, став 5: „Од одребите исклучок привремен престој заради вработување се одобрува со приложување само на Договор за работа и образложение за потребата на работното место“.

Таа на крајот порача дека измените јасно покажуваат „за кого се донесени“ и дека токму поради тоа, според СДСМ, власта се обидува да ја замолчи јавната дебата.

„Затоа сакаат да ни забранат да го изговараме зборот“, рече Кузеска.

 

ДПМНЕ кусевска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.