Published: Thursday, January 8, 2026 11:00
Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники (Меџитлија) кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони, во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци
Слична е ситуацијата и на Меџитлија, каде што блокадата ќе започне еден час порано и ќе се однесува на камиони, автомобили и автобуси, но како што јавуваат тамошните медиуми, земјоделците периодично ќе отвораат за сообраќај.
Единствено на граничниот премин кај Дојран сообраќајот се одвива непречено. Таму нема блокади.
Затворени ќе бидат и граничните премини кон Бугарија, како и Какавија кон Албанија.




