Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДА Македонија: Вицепремиер на македонската Влада во функција на големосрпската агенда во Босна и Херцеговина

0
By Zoran Ivanov on January 10, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 10, 2026 15:12

Политичката партија Странка за Демократска акција Македонија со соопштение реагира на активностите на вице-премиерот на  владата на Република Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците кој учествуваше во одбележувањето на 9-ти јануари, (Ден на РС), во организација на властите на помалиот ентитет во Босна и Херцеговина, празник и датум кој е прогласен за неуставен и дискриминаторски кон Бошњаците и Хрватите во Босна и Херцеговина.

За организаторите на овој антиуставен настан се очекува Обвинителството на Босна и Херцеговина да поднесе соодветни пријави. Посебно после реакцијата на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), која објави дека прославата на 9 јануари претставува јасно непочитување и неспроведување на конечните и обврзувачки одлуки на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Милорад Додик повторно испрати пораки, во кои сонува за поделбата на Босна и Херцеговина, а тој сон никако да му се исполни. Прашањето е: што вицепремиер во македонската Влада, во случајов Иван Стоилковиќ, бара на нелегален настан во Бања Лука, од кој се испраќаат пораки за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина?

Јавноста треба да знае дека македонскиот вицепремиер Стоилковиќ во Бања Лука беше во “одбрано“ друштво и на:

– Милорад Додик, кој е под санкции и забрана за влез во Велика Британија, Словенија, Литванија, Германија, Австрија и Полска

– Род Благојевиќ, поранешен гувернер на американската држава Илиноис, кој претходно беше осуден за корупција

– Никола Шпириќ, член на Колегиумот на Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ, врз кого САД воведоа санкции во 2018 година

– Никола Селаковиќ, министер за култура во Владата на Србија, против кого е поднесено обвинение за организиран криминал во Србија

– Ноќни волци, руска мото-група која е на списокот со санкции на Европската Унија поради улогата на нејзините членови во анексијата на Крим.

Јавноста се сеќава дека лани, Додик беше гостин на Стоилковиќ во Скопје, а во македонските институции беше примен со неистакнување на државното знаме на Босна и Херцеговина, што е исто порака против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата БиХ. Дополнително, во присуство на премиерот Мицкоски и рускиот амбасадор во државата испрати анти-НАТО и анти–ЕУ пораки, како и пораки со кои се негира и исмејува геноцидот врз Бошњаците во Сребреница. Ова сеќавање е само доказ дека не се работи за некаков инцидент или скандал, туку се работи за континуитет во политиката на македонските институции.

Очигледно е дека власта предводена од премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска Давкова комплетно е ставена во функција на големосрпската агенда на режимот на Александар Вучиќ, не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион на Западен Балкан. Само така може да се толкува нивниот молк, кој претставува поддршка на работењето на вицепремиерот Иван Стоилковиќ.

Ги повикуваме сите демократски и про-западни политички субјекти во Северна Македонија да го осудат однесувањето на вицепремиерот Иван Стоилковиќ во обидот да даде легитимитет, од позиција на вицепремиер во македонската Влада, во антиуставното дејствување на Милорад Додик и неговите обиди за нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина, се вели во соопштението на СДА Македонија..

СДА соопштение стоиљковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.