Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

0
By Zoran Ivanov on January 13, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 13, 2026 13:21

Третиот, и веројатно најреален исход, се празни декларации без никаква практична последица. Ќе се усвојат општи формулации, ќе се зборува за „европски вредности“ и „реформска определба“, без вистински мултипартиски договор, без рокови и одговорност.

Биљана Јордановска

На 14 јануари 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски најави меѓупартиска лидерска средба во Клубот на пратеници во Собранието, со почеток околу 12:00 часот. Според владиниот наратив, целта е создавање консензус за реформски закони и укинување на техничката влада, како дел од евроинтеграциската агенда на земјата. Исто така, се предвидува разговор за изборни реформи – статусот на изборниот законик и препораките за подобрување на изборниот процес; и избор на  Народен правобранител — како дел од реформската агенда и обврските од извештаите на Европската комисија.

СДСМ, предводена од Венко Филипче, најави бојкот на средбата и нејзиното одбивање на учество, што Мицкоски го оцени како политички некултурно и против својата заложба за инклузивност.

Други партии, како Демократска обнова на Македонија (ДОМ), иако не се дел од најголемите парламентарни групи, ја поздравија иницијативата и повикуваа на конкретни решенија, како воведување една изборна единица за пофер изборни резултати. Демократската унија за интеграција (ДУИ) сè уште не го соопштила својот конечен став. Левица, најавија дека ќе учествуваат особено поради изборните реформи и барањето за воведување една изборна единица.

Пред лидерската средба јавноста добива две дијаметрално спротивни интерпретации за иницијативата, едната е онаа на Владата и Мицкоски – конструтивизам, консензус, дијалог, стабилизација; втората е критички настроена оценувајќи дека се работи за манипулација, политичка тактика на власта, насочена кон прикривање на реални проблеми, избегнување на одговорност и потенцијално влијание врз идни избори.

Можни исходи од лидерската средба: консензус на хартија, криза во реалноста

Првиот можен исход е најбезболниот за власта, но и најштетниот за демократијата: симулиран консензус. Неколку помали партии, со ограничена политичка тежина, би можеле да потпишат „заеднички заклучоци“ кои ќе послужат како доказ дека дијалог постоел. Но консензус без главната опозиција не е консензус туку политичко алиби облечено во зборот „реформи“.

Вториот исход е уште поопасен: продлабочување на веќе токсичната политичка поларизација. Одбивањето на СДСМ и неодлучноста на ДУИ не се случајни, туку симптом на подлабока недоверба. Средбата ризикува да биде доживеана не како покана за разговор, туку како обид власта да ги прогласи отсутните за деструктивни, додека самата си доделува ореол на „конструктивност“.

Третиот, и веројатно најреален исход, се празни декларации без никаква практична последица. Ќе се усвојат општи формулации, ќе се зборува за „европски вредности“ и „реформска определба“, без вистински мултипартиски договор, без рокови и одговорност.

На крајот, лидерската средба ќе излезе политички перформанс отколку обид за решавање на реалните проблеми. Наместо отворен дијалог – сценографија. Наместо политичка храброст – калкулација, а граѓаните – заложници на истите нефункционални институции и истите нерешени кризи.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

бињана јордановска лидерска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.