Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Андонов: Владата шири евроскептицизам

0
By Zoran Ivanov on January 28, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 28, 2026 20:17

Проф. д-р Оливер Андонов денеска ја коментираше анализата на јавното мислење за пристапување во Европската Унија (2014 – 2025) на ИДСЦ на настанот што се одржа во Собранието на РСМ. Според резултатите од истражувањето, поддршката за членство во ЕУ во земјава скокнала на 71%.

Тоа, според Андонов, е позитивен и охрабрувачки податок. „Тоа е добра вест за општеството“, рече тој, но потоа изнесе и неколку критички забелешки во поглед на методологијата и тоа како се претставени резултатите во истражувањето, посочувајќи дека е важно внимателно да се чита што овој податок значи, а што не значи.

Растот на поддршката не ја поништува потребата од критичка анализа на рамката. Напротив, тој отвора дополнително прашање: Дали јавната поддршка расте поради политички резултати, или и покрај нив? Во исто време, евроскептицизмот се зголемува, а значаен дел од граѓаните и понатаму сметаат дека државата не е подготвена за членство. Ова укажува на сложена слика што не може да се сведе на едноставен наратив за ‘успех’, рече Андонов.

Тој забележува дека во анализата „надворешните фактори и натаму јасно се именуваат“, но и дека „домашниот политички учинок — реформите, владеењето на правото, институционалната кредибилност — и понатаму не се третираат како централна објаснувачка променлива.

Да не ја читаме зголемената поддршка како автоматска потврда на политиките, туку како показател на континуираната проевропска ориентација на граѓаните, која опстојува и покрај застојот во резултатите. Кредибилитетот на пристапниот процес не се мери само со анкети, туку се гради или се губи преку реални политички и институционални резултати, предупреди Андонов, инаку професор на Воената академија.

Понатаму, во дискусијата, тој истакна дека луѓето, наспротив високата поддршка за членство во ЕУ, сепак, не веруваат дека тоа ќе се случи во наредните десет години. Причината за тоа тој ја гледа во неуспехот на владата да ја врати земјата на европскиот колосек и да ги исполни задачите преземени за тој процес да се забрза, а тоа се уставните измени, односно внесувањето на бугарската заедница во Уставот.

Главен поттикнувач на евроскептицизмот е Владата, заклучи проф. Андонов.

Осврт на резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење дадоа и Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Завршно обраќање на настанот имаше од амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

 

Влада евро скептизизам Оливер Андонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.