Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: Егото на еден претставник на Владата е причина за незголемување на работничките плати

0
By Zoran Ivanov on February 3, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 3, 2026 14:42

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека со моделот работодавачите да го покријат нето зголемувањето на платите, а државата привремено да ги покрие придонесите, ниту Владата ниту буџетот не би изгубиле ништо, но упати дека за ова прашање треба да се разговара во Владата и во надлежното Министерство за економија и труд, со реакција излезе претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија – ССМ, Слободан Трендафилов.

Трендафилов оцени дека токму ваквиот однос и „егото на еден претставник на Владата“ се главната причина поради која не дошло до зголемување на работничките плати.

Минатата година работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6.000 денари, доколку Владата времено се откажеше од придонесите. Но, поединци во Владата сметаа дека тоа не смее да се дозволи, напиша Трендафилов.

Тој додава дека ваквиот пристап, според него, води кон дополнително осиромашување на работниците и државата.
Веројатно за да станат Влада која води најсиромашни работници и Влада која води најсиромашна држава во Европа, наведува Трендафилов.

Според претседателот на ССМ, доколку лани не се „терал инат“ и се олеснел притисокот врз работодавачите во делот на придонесите, денеска работниците веќе ќе имале повисоки плати.

Денеска работниците ќе имаа за 6.000 денари повисоки плати, а по истекот на временскиот период за кој работодавачите бараа олеснување, ќе започнеше уплатата на придонесите за така зголемените плати, наведува тој.

Трендафилов посочува дека тоа би значело и значителен приход за државниот буџет.
На месечно ниво ќе се слеваа над 10 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво над 120 милиони евра. Но, очигледно некој во Владата мисли дека е подобро да се задолжува и да зема кредити кои ќе ги исплаќаат следните поколенија, пишува Трендафилов.

Во објавата, тој ги повикува работодавачите да застанат заедно со работниците и да извршат притисок врз Владата да застане и на страната на бизнисот и на работниците.

Бизнисот и работниците одлучуваат кој ќе ја води државата, а ако тие што се избрани не работат во нивен интерес, лесно ќе бидат заменети“, наведува претседателот на ССМ.

Трендафилов предупредува дека доколку нема промена во ставот на Владата, синдикатите ќе преминат на следните чекори.
Доколку не, заедно со работниците преминуваме на следните фази – блокади, протести и генерален штрајк, за што последиците и одговорноста ќе ги имаат исклучиво тие, порача тој.

 

егото ССМ трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.