Американската војска соопшти дека завршила нов петчасовен бран напади врз Иран и тоа, како што соопштува, „трета ноќ по ред“.
„За време на петчасовната мисија, американските сили успешно нападнаа воени цели низ Иран, вклучувајќи ги Бушер, Шахбахар, Џаск, Конарак, Абу Муса и Бандар Абас, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштение на својата X платформа.
САД ги започнаа новите напади рано во вторник по европско време, што претставува нова ескалација меѓу двете страни, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп вели дека договор со Техеран е сè уште „можен“.
CENTCOM претходно соопшти дека војската започнала „трета ноќ по ред напади врз Иран“, откако Трамп објави дека САД ќе „удрат силно“ врз Иран вечерва.
Трамп во радио интервју рече дека иранското раководство „не може да направи апсолутно ништо“ против нападите.




