Published: Wednesday, May 20, 2015 12:16
Лекарите, медицинските сестри и останатиот персонал од медицината ширум Грција стапија во 24-часовен штрајк протестирајќи за недоволниот број на вработени, слабите финансии и закаснувањето на платите.
Денеска болниците се отворени само за итните случаи, а пред грчкото министерство за здравство ќе се одржат и протести. Од Синдикатот на работници во државните болници велат грчкиот здравствен систем е надвор од контрола поради недостаток на средства и работна сила.
Синдикатот вели преговорите со државата не оставаат впечаток дека ситуацијата наскоро ќе се реши, и дека само може да одат во полош правец.




