Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е Вирџинија Џуфре? Злоставуваната Американка поради која принцот Ендру остана без титула

0
By Zoran Ivanov on February 5, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 5, 2026 14:44

По пресудата против Максвел минатиот месец, Џуфре за „New York Magazine“ изјави дека дефинитивно не е готово и дека се уште има многу луѓе кои се виновни и ја уживаат својата слобода.

Ирена Трајкова

Американката Вирџинија Џуфре (поранешна Вирџинија Робертс) тврди дека била жртва на сексуално злоставување од озлогласениот сексуален предатор Џефри Епштајн и неговите моќни соработници кога била малолетна. Таа сега е во
центарот на една од најжестоките правни битки во светот, откако покрена граѓанска постапка против британскиот принц Ендру.

Кралското семејство долго време ги негираше нејзините наводи дека принцот Ендрју ја злоставувал во времето кога таа имала 17 години. Но, напорите на адвокатите да го „затворат“ случајот и да го спасат својот клиент беа неуспешни.

Правниот тим на принцот Ендру се надеваше дека обвиненијата против него ќе бидат отфрлени според договорот што Вирџинија го потпишала со покојниот Епштајн, со кој се обврзала дека нема да го тужи него или кој било поврзан со него, за што ѝ платил половина милион долари.

Во Њујорк е во тек судски процес, а се чини дека синот на кралицата Елизабета допрва ќе треба да одговара на обвинувањата.

Која е Вирџинија Џуфре?

Таа е родена како Вирџинија Робертс во 1983 година во Калифорнија. Нејзиното семејство подоцна се преселило на Флорида. На седумгодишна возраст, како што откри, била сексуално злоставувана од семеен пријател и брзо ѝ било одземено безгрижното детство.

„Бев толку ментално исплашена на толку рана возраст што морав да побегнам од тоа“, изјави таа за „BBC Panorama“ 2019.

Детството го поминала во згрижувачки семејства, а до својата 14 година живеела на улица каде, како што вели, не пронашла ништо „освен глад, болка и уште злоставување“. Во 2000 година, додека се обидувала да си го среди животот, се запознала со Гислејн Максвел која била член на елитата, миленичка на високото општество во Лондон и Њујорк и поранешна љубовница и блиска соработничка на озлогласениот Џефри Епштајн.

Додека Џуфре работела во одморалиштето на Доналд Трамп во Палм Бич, Максвел ѝ понудила можност да се обучи и работи како терапевтка за масажа. Кога Џуфре пристигнала во домот на Епштајн во Палм Бич, таа тврди дека тој лежел гол и дека Максвел ѝ дала инструкции како да го масира.

„Поставуваа прашања за тоа која сум јас. Изгледаа како драги луѓе, им верував и им кажав дека дотогаш имав многу тежок период во мојот живот, дека побегнав од дома, дека бев сексуално и физички малтретирана. Тоа беше најлошото нешто што можев да им го кажам бидејќи сега знаеја колку сум кревка“, изјави Џуфре за „BBC“ која очекувала дека ќе има интервју за работа, но тоа набрзо се претворило во почетокот на нејзиниот „нов пекол“.

Гислејн Максвел беше прогласена за виновна за пет од шест точки во декември, вклучително и најсериозното обвинение, онаа за сексуална трговија со малолетници.

Иако Џуфре беше споменувана во многу наврати на суд, таа не беше една од четирите жени кои сведочеа против Максвел. Во 2015 година, Џуфре поднесетужба за клевета против Максвел откако обвинувајќи ја дека лаже. Тогаш случајот беше решен.

Била „како послужавник со овошје“

Епштајн ја „раздавал“ на неговите моќни соработници додека ја шетале со приватни авиони низ светот. Кога имала 17 години, таа тврди дека Епштајн ја донел во Лондон и ја запознал со принцот Ендру. Сега веќе познатата фотографија за која вели дека е направена таа ноќ го прикажува принцот со раката околу нејзината половина, додека Максвел се насмевнува во позадина.

Откако отишле во ноќен клуб, Џуфре вели дека Максвел ѝ рекла дека „за Ендру мора да го прави она што го прави за Џефре“.

„Тоа беше ужасен период од мојот живот. Не бев врзана за мијалник, но овиемоќни луѓе беа како мои синџири“, изјави таа за „BBC“.

Во својата тужба, Џуфре тврди дека принцот Ендру сексуално ја злоставувал три пати – во куќата на Максвел во Лондон таа вечер, а подоцна и во куќите на Епштајн во Менхетен и Сент Џејмс на Девствените Острови.

Принцот Ендру во интервју за „BBC Newsnight“ во 2019 година рече дека не се сеќава дека некогаш се сретнал со Џуфре и, како одговор на нејзината изјава дека имале секс во САД и Велика Британија, истакна дека „тоа не се случило“.

До 2003 година, Епштајн го изгубил интересот за неа бидејќи таа била премногу „стара“ за него. Џуфре успеала го убедила богатиот финансиер да плати за нејзината обука за да стане вистинска професионална масерка и ѝ помогнал да оди на курс во Тајланд.

На тоа патување го запознала човекот во кој се заљубила и 10 дена подоцна се омажила за него. Со него се преселила во Австралија и основала семејство. Сега живее со него во голема куќа на брегот на Перт и има три деца.

Оваа жена основаше непрофитна организација наречена „Speak Out, Act, Reclaim“, која има за цел да едуцира и да ја подигне свеста за жртвите на трговија со луѓе.

По пресудата против Максвел минатиот месец, Џуфре за „New York Magazine“ изјави дека дефинитивно не е готово и дека се уште има многу луѓе кои се виновни и ја уживаат својата слобода.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

вирџинија џуфре која е
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.