Published: Thursday, May 21, 2015 11:08
Обезглавено тело на блогер познат по истражувања поврзани со корупција на политичарите, е пронајдено во југоисточната бразилска држава Минас Жераис.
Евани Жозе Мецкер, 67-годишен, бил пријавен во полицијата за исчезнат пет дена пред да биде пронајдено неговото тело во градот Падре Параисо, едно од најсиромашните места во Минас Жераис.
Претставникот на полицијата кој соопштил дека најверојатно се работи за убиство на Мецкер, кој последниот случај кој го водел бил за детска проституција и трговија со дрога, сакал да остане анонимен пред медиумите.




