Published: Thursday, May 21, 2015 12:20
Црна Гора денеска одбележува Ден на независноста, кога на 21 мај 2006 година на референдум ја обнови државната независност.
Премиерот Мило Ѓукановиќ вели девет години подоцна државата е во непрекинат, постојан, мерлив и видлив напредок на внатрешен и меѓународен план.
На референдумот подготвен по препораката на ЕУ, според официјалните резултати, гласале 419.240 граѓани, односно 86,5 проценти од вкупниот број гласачи, а независноста е поддржана од 55,5 проценти од граѓаните, додека за задржување во рамки на заедничка држава со Србија се изјасниле 44,5 проценти од гласачите.
Референдумското прашање гласеше: Дали сакате Република Црна Гора да биде независна држава со целосен меѓународно-правен субјективитет?




