Легендарниот телевизиски водител Дејвид Летерман се пензионираше по последното вчерашно издание на неговата емисија Late Show, и со тоа ја завршува својата 33-годишна кариера во медиумскиот простор.
Летерман беше испратен од многу актери и со шеговита порака потпишана од четворица претседатели на САД која гласи “Конечно заврши националниот кошмар”.
Последната епизода на “Late Show” се состоеше од монтирани снимки опфаќајќи ги трите децении на емитување на ова комедиско телевизиско шоу.
Летерман водел вкупно 6.028 емисии. Негова замена ќе биде Стивен Колбер, кој започнува со шоуто од есен.