Венко Филипче: Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново.
Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од 2006 до 2016 година. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата.
Јавноста веќе гледа конкретни примери на таквото однесување. Еве гледаме како се поставуваат судии и обвинители, роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме како не реагираат за скандалите кои што ние ги објавуваме секојдневно.
Еве имаме кандидат за уставен судија советник на премиерот. Па, ако тоа не е мешање во правосудството што е?
Вистинското прашање е зошто нема одговори од институциите?
Тоа е вистинското прашање. Зошто премиерот глуми и обвинител истражител и полицаец и судија и се слика и открива тајни локации кои што ги користат Министерството за внатрешни работи.
Ете, затоа нема реформи во правосудството.
Ништо не се спроведува за да се направат вистински реформи во правосудството. Не се прифаќаат препораки од оценската мисија за новите закони кои што требаше да се донесат, односно само парцијално се имплементираат.
И факт е дека се поставуваат луѓе коишто се роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: ТВ Канал 5



