Во Ирска денеска се гласа на референдумот преку кој Ирците ќе се изјаснат дали ќе дозволат венчавки на лица од ист пол. Доколку Ирците изгласаат измена на уставот, Ирска ќе биде првата земја којашто истополовиот брак го озаконува на овој начин.
Според предреферендумските анкети се очекува позитивен одговор на референдумот во полза на истополовите бракови, бидејќи четирите последни истражувања на јавното мнение им даваа предност на заговорниците на ваквите бракови.
Референдумот на некој начин и ја подели Ирска. Повеќето ирски компании не сакаа да заземат страна, меѓутоа американските компании чии седишта се во Ирска и вработија илјадници млади луѓе, наголемо ја прифатија идејата за истополови бракови.
Во полза на истополовите бракови се изјаснија и повеќе партии, медиуми, синдикати, студентски и спортски здруженија, помеѓу нив и еден од најголемите активисти и хуманитарци, Боно Вокс, фронтменот на U2.




