Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла

0
By Zoran Ivanov on February 15, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 15, 2026 18:28

Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла, критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ од минхенската безбедносна конференција коментирајќи ја изјавата на заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот.

Тој нагласи дека доколку Шекеринска се задржала само на повикот за политички дијалог меѓу земјите од Западен Балкан, немал што да додаде. „За жал, Радмила Шекеринска зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисла“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистички изјави и одлуки во регионот.

Ова ни го кажуваат луѓе кои доведоа до сецесија, барем според нив, на дел од територијата на Србија – помеѓу 13 и 14 проценти, рече Вучиќ, алудирајќи на прашањето за Косово. Тој порача дека оние кои зборуваат за регионот треба да покажат повеќе почит кон Србите и да внимаваат на изјавите.

Вучиќ во своето обраќање се осврна и на изјави поврзани со настаните во Бањска и на страдањето на вработени во РТС, наведувајќи дека постои селективен пристап во толкувањето на настаните.

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Хрватска и Албанија се сигурни и посветени сојузници на Алијансата, кои активно придонесуваат за зачувување на регионалната стабилност, додавајќи дека НАТО не е вклучен во разговорите за евентуален воен сојуз меѓу Тирана, Приштина и Загреб.

Во интервју за агенцијата „Бета“, таа нагласи дека членството во НАТО не претставува пречка земјите сојузнички да склучуваат дополнителни одбранбени договори со трети страни.

Она што генерално го гледаме е дека глобалната геополитичка состојба има влијание и врз регионот. Забележливо е зголемување на бројот на воени вежби и инвестиции во одбраната и безбедноста. Но, секогаш ги охрабруваме сојузниците и партнерите да се вклучат во политички дијалог и во решавање на отворените прашања во регионот. Нашето присуство на Западен Балкан има цел да го поддржи токму тој процес, изјави таа.

Според Шекеринска, Албанија и Хрватска не се само сигурни членки на Алијансата, туку и значајни чинители во одржувањето на мирот. Таа посочи дека двете држави учествуваат во мисијата КФОР, но и дека генерално се насочени кон поддршка на стабилизациската агенда во регионот.

Изјавите доаѓаат во контекст на реакциите од Србија, откако претседателот Александар Вучиќ во неколку наврати оцени дека евентуалното здружување на силите меѓу Албанија, Хрватска и Приштина претставува директна закана за неговата земја.

 

.шеќеринкса Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.