Властите во Москва нема да дозволат геј парада во руската престолнина, која активистите ја планираат да се одржи на крајот на мај, наведуваат руските медиуми.
– Ние ги предупредивме организаторите дека парадирањето нема да им биде дозволено и ги информиравме за ризиците ако тие не ја почитуваат забраната, изјави портпаролот на градоначалникот на Москва, Алексеј Мајоров за агенцијата РИА Новости.
За сега од Москва нема дадено образложение за забраната, но таквата одлука не е за изненадување за организаторите, бидејќи нивното барање за парадата е одбивано секоја година од 2006 година, кога за прв пат беше поднесено.
Организаторите за оваа година објавија два собири и одржување на геј парадата на 30 мај.
Рускиот претседател Владимир Путин во 2013 година потпиша закон со кој се забранува геј пропаганда пред малолетни лица.




