Published: Friday, May 22, 2015 13:19
Турската полиција денеска приведе 80 бизнисмени кои ги поврзуваат со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, жесток непријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Меѓу приведените има и поранешен шеф на полицијата, наведуваат медиумите од регионот.
Полициската акција е фокусирана на централниот турски град Конија, но се спроведува и во над други 10 окрузи.
Оваа полициска акција се спроведува непосредно пред парламентарните избори закажани за 7 јуни.




