Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безбеден град – патешествие …

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 15:30

Игор Јуруков: Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. Во тој момент, моторче шиба меѓу возила, и ете ти пристигнува SMS за пречекорување на брзина и казна од 15 евра(7,5). Радарот фактички ја бележи неговата брзина, додека OCR софтверот од камерата бара регистрација во радиусот на објектот што брза, и за беља тоа сум ти бил јас!!! (моторчињата нели немаат напред регистарски таблички…) С .. судбина.. нејсе, си викам ќе се жалам ништо страшно…

Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.).

Одам во П.С. со истиот муабет и копии од записникот и фотките што доаѓаат со него.. добивам инфо: за жалбите од СејфСити треба да одите во суд за прекршоци карши факултетите.

Одам во Суд, во една канцеларија преполна со плакари со некаква архива, љубезна службеничка ми објаснува што и како да пополнам во два примероци и да доставам кај нив на шалтер, арно ама проблем.. колата е службена(моја фирма) треба да дадам изјава во МВР дека јас сум возел…

Одам повторно во П.С. и барам да пополнам изјава, арно ама ми бараат патен налог или полномошно со печат и потпис..

Ден 3. Одам во П.С. со уредно спремни документи, службеното лице што ме прими да пополнам изјава пријателски ме советува да си ја платам казната додека е време за 50 % попуст, бидејќи како што тој заклучи, нема шанси сејф сити да згреши… изречно се противам ….и виде не виде, извади формулар за да го пополниме. Значи, сега треба да очекувам да стигне нов записник за „сторениот прекршок“ по SMS и е-меил, ама сега на мое име. ОК ќе чекам..

Ден 4. Чекам јас така 24 часа, нема нов SMS, нема меил.. одам во П.С. !! барам на портирница да се качам до шалтерот, не ми е допуштено, телефонски се комуницира од портирница до некој фактор „горе“ и повратно добивам дека треба деновиве треба да добијам по SMS, а не како што вчера сум разбрал – веднаш или најкасно утре…

Ден 5. Во меѓувреме одминува осмиот ден, ќе следи наплата од 15 евра или присилна наплата!!! Се упатувам повторно до П.С. инсистирам на портирница да се качам горе, ОК ме пушти дечкото.. таму се најде љубезен човек, едно 15 минути веројатно го бараше случајот, и ме извести дека е ставен на ред за процесирање.. верувам бидејќи бев упорен . И навистина, после два саати стигна нов записник на мое име, со нов датум од тој ден.

Ден 6. Одам со сите потребни документи во два примероци во прекршочен суд, на шалтер ми бараат ТРИ копии, мое образложение дека кажано ми е за ДВА, моето се разбира не помина

Уште едно одење до судот, сега со три копии во рака, конечно на едната копија се удира печат и останува кај мене а другите две копии ги преземаат. Прашувам: Дали сега ќе биде стопирана штоперицата од 8 те дена?? „ништо не знам .. ништо не знам“ беше одговорот ..

Значи многу сум среќен што правдата ја доби првата разрешница!! Шест дена шетање по институции а некогаш и по неколку во истиот ден!!!!!

Се надевам судот ќе ангажира стручно лице од областа сообраќај, за него случајот ќе биде „гола вода“ ама за сејф сити сериозен проблем!!! За системското решение за вакви жалби ништо ново.. уште сме во минатиот век.. хартии, копии, шетање по шалтери..

Останете ми безбедни !

Извор: Фејсбук

 

игор јуруков став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.