Published: Tuesday, February 17, 2026 20:41
Алил Џаферовски: Прашање до претседателот на Уставниот суд Костадиновски:
Денеска, меѓу другото, рече дека Уставниот суд им помага и ги коригира институциите – власта да не го кршат Уставот, да не носат одлуки кои се противуставни.
Ај да те прашам, се разбира ако ми е дозволено како уставотворец на оваа држава од 1991 година:
Зошто го држиш во фиока барањето за противуставната одлука за усогласување – зголемување на пензиите, а што е класичен пример на противуставна одлука?
Инаку, оваа лакрдија со пензиите ќе оди и во Стразбург, биди сигурен.
Извор: Фејсбук



