Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидија Раичевиќ: Во името на таа правичност, треба да бидам избрана

0
By Zoran Ivanov on February 18, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 18, 2026 19:58

НОВА тв.мк / Интервју со Лидија Раичевиќ, обвинителка во ОЈО во Скопје и кандидатка за Државен јавен обвинител

*     *     *     

НОВА: Интернет регистрира дека сте ги поминале сите степени на правното образование – од студентка до доктор на науки – се исплатеше ли или …?

Раичевиќ: Ги поминав сите степени на образование и да се исплатеше во интелектуална смисла. Задоволна сум од образованието што ми го овозможи државата и од напорот што го вложив за да ја структуирам професионалната страна на мојата личност. Кога би требало да се почнува од почеток, се` би повторила.

НОВА: Која Ви беше темата на докторската дисертација?

Раичевиќ: „Улогата на јавниот обвинител во казнено-правниот систем“ е насловот на мојата докторска десертација, а обработени се повеќе теми во неа: позицијата на јавното обвинителство во системот на државните институции со компаративен осврт, јавното обвинителство на националниот систем, внатрешна оганизација, функција, односи со судот, другите власти, како се гради лик на јавен обвинител и кои се светските трендови во таа смисла.

НОВА: Кој од професорите на факултетот, доколку имавте таков, Ви беше пример, мотив, поттик за годините натаму во Вашата работа како правник па и како обвинител?

Раичевиќ: Немав идол лик од редот на професорите, ги почитував академик Владо Камбовски и проф. д-р Ѓорги Марјановиќ но истовремено креирав свој лик на професор кој можев и да го применам во период кога бев ангажирана на Правниот факултет како демонстратор на студенти по казнено право и новинарство.

Вистинската љубов за предавања ја добив гледајќи ја мојата мајка како предава историја со совршени познавања по методика, педагогија, театрологија. Мислам дека и на тоа поле академски работници треба да се потрудиме повеќе во создавање на ерудити кои ќе бидат препознаени надалеку. За жал, нашите професори не се потрудија на своите катедри да изградат и остават професори подобри од себе.

НОВА: Збор, два за Вас лично, која сте, од каде сте, каде учевте основно, средно, „бевте ли некогаш дете“ или тоа се заборава со дневните работни преокупации?

Раичевиќ: Јас сум родена во Никшиќ, Црна Гора во 1965 година од татко Црногорец службеник и мајка Македонка стара скопјанка, наставник по историја, која сакајки да ме образува, а согледала дека во Никшиќ нема факултет, на петгодишна возраст ме донела во Скопје и мене и мојот татко и јас тука предвреме сум запишана во ОУ „Стив Наумов“, па во Гимназија Георги Димитров, потоа Правен факултет „Кирил и Методиј“, магистратура и докторат на истиот факултет.

Во јавното обвинителство сум од 1993 година како стручен соработник до 2003 година кога сум избрана за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје до 2014 кога до 2018 година бев во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а сега сум јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Убаво детсво  со прекрасен воспитен процес од родителите и тоа не се заборава.

НОВА: Постојано работите или, попрецизно, што работите кога не работите?

Раичевиќ: Не работам постојано. И живеам. А кога не работам сакам да готвам, да примам гости, да проучувам молекуларна гастрономија,м сакам изложби, современо танцување и да водам долги искрени разговори.

НОВА: Што посебно Ве радува, што натажува?

Раичевиќ: Особено ме радува кога ќе препознам убавина во било кој облик, збор, предмет, постапка, место, а тажна сум кога треба да соберам сили да рационализирам дека некој што многу Ви значи си заминал од овој свет.

НОВА: Во ова време кога медиумите, а со нив и јавноста постојано го „исвиркува“ правосудниот поредок да се биде негов „припадник“, како се носите со тоа, Ви пречи ли во работата, во објективноста, …?

Раичевиќ: Не ми делува во работата исвиркувањето на правосудството ама ме оптоварува барањето начини да се сопре таа појава.

НОВА: Амбициозна сте повеќе од „прифатливото“ или само силно верувате во себе, во своите способности и дека можете многу повеќе да придонесете отколку ви се овозможени шансите?

Раичевиќ: Не ми биле дадени шанси и можности колку што можам да придонесам, а умерено сум амбициозна.

НОВА: Јавноста Ве доживува како цврста и непопустлива, а што мислите, како Ве доживуваат колегите со кои непосредно работите?

Раичевиќ: Колегите мислам дека се плашат од мене се додека добро не ме запознаат затоа што никому во мојот приватен и професинален  живот не сум нанела зло на што сум посебно горда.

НОВА: Велат емоциите се најголемиот непријател во Вашата работа, посебно во чувствителните моменти во судниците, како се носите со Вашите „слаби точки“ во судниците?

Раичевиќ: Можеби не сум доволно објективна но не можам да детектирам слаба точка во судница. Емоциите во судница ги контролирате со глас, гестикулација, тон на обраќање и секое чувство што ќе се појави во судница го ставате на патот на правичност и тогаш тоа исчезнува.

НОВА: Како обвинителка самостојно или во тим застанавте зад „силни“ предмети како  „Монструм“ „Ровер“, „Еразмус“, Пино Секондо, „Спортски ваучери“, „Онкологија“, … . Некои, не само од јавноста, туку беа под „будно око“ и на политички партии. Какво е чувството кога сте во судница а знаете сека Ве „демнат“ од „сите страни“?

Раичевиќ: Кога Ве демнат од сите страни треба да имате вештини да сочекате и одговорите на секакви ситуации.

НОВА: Не влеговте во тимот на СЈО, бевте бесна или …, или од оваа дистанца е добро што тоа не се случи?

Раичевиќ: Од оваа динстанца добро е што не бев дел од СЈО, не сум бесна, ама многу сум љубопитна како се работело таму.

НОВА: Во струката па и во јавноста важите за исклучителен професионалец, доволно ли е тоа за да се биде Државен јавен обвинител или сепак и овој пат а таа позиција ќе реши нечиј „партиски грб“?

Раичевиќ: Ако бидам избрана јас, тоа мене ќе ме убеди дека не ви треба политички грб.

НОВА: Вашиот е?

Раичевиќ: Мојот грб е моето искуство знаење, начин на живот исклучиво од своја плата, без дамка надвор од сите општествени патологии. Тешко е така никој да не те подржува да се бориш и неправедно да не напредуваш ама грбот Ви станува цврст и се гледа дека не може лесно да се витка.

НОВА: Денес речиси никој не верува во интегритетот и во правичноста на македонскиот правосуден систем, верувате ли Вие во можен негов брз и радикален пресврт?

Раичевиќ: Се ќе направам  правичноста да стане вредност.

НОВА: Знаете дека нема да бидете избрана или сепак имате надеж за правичност?

Раичевиќ: Во името на таа правичност, треба да бидам избрана, (јас така мислам).

НОВА: Ако изборот за Државен јавен обвинител биде поволниот епилог по Вас, кој би бил Вашиот прв организационо реформски зафат во самото обвинителство, кои се неговите болни точки што итно треба да се санираат, а за кои постои реална можност бргу да се случат?

Раичевиќ: Најнапред согледување на состојбите и разгледување на нерешени предмети.

НОВА: Денес речиси никој не верува во интегритетот и во правичноста на македонскиот правосуден систем, верувате ли Вие во можен негов брз и радикален пресврт?

Раичевиќ: Да, може многу да се направи за да се отстранат навиките кои преминаа во зависности или принудна потреба дека правосудниот систем е лош. Многу време многу труд многу живот потрошивме и јас и дел од моите колеги за да постои сомнеж дали може да се направи радикален пресврт.

Нека звучи идеолошки, но можеме да изградиме правосуден систем вреден за почит.

          

интервју лидија раичевиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.