Уапсени се дваесетина луѓе, меѓу кои има и бизнисмени што се поддржувачи на муслиманскиот лидер Фетхулах Ѓулен, кој живее во САД, поранешен сојузник а сега критичар на Ердоган.
Ердоган сака да обезбеди поддршка за својата АК-партија за изборите што се одржуваат во јуни, а се надева дека така ќе добие и пошироки претседателски овластувања. Тој го обвинува Ѓулен дека инсценирал корупциски скандал за да го дискредитира и да го собори.
Операцијата на полицијата во петокот била фокусирана на градот Коња во централна Турција, но била спроведена во 19 провинции. Целта биле 66 луѓе, меѓу кои и бизнисмени и поранешни полицајци, рече гувернерот на Коња.
Во соопштението од канцеларијата на гувернерот се вели дека станува збор за истрага за наводна припадност кон „фетхулахистичка терористичка група“ и за нарушување на тајноста на истрагата, но нема други детали.




