Published: Sunday, February 22, 2026 14:53
Речиси сите учесници и сторители на атентатот врз генерал-полковникот на руската армија Владимир Алексеев се идентификувани, изјави Александар Бортников од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Многу е направено во последно време. Практично ги идентификувавме сите учесници и сторители на ова злосторство. Знаете дека некои од вклучените лица се приведени. Една жена успеа да избега и да се скрие во Украина, изјавил Бортников за руските медиуми.
Тој нагласи дека во атентатот има очигледна британска трага, пренесуваат западни медиуми повикувајќи се на руски агенции.




