Жирито на 68-то издание на Канскиот филмски фестивал му ја додела во неделата навечер главната награда Златната палма на филмот „Dheepan“ (Дипан) на францускиот режисер Жак Одиар во кој се запечатени животот и доживувањата на еден од припадниците на бунтовничкото движење во Шри Ланка, Тамилските тигри, кој се населува во едно од предградијата на Париз, и тој е еден од петте француски филмови кои годинава се најдоа во конкуренцијата за главната награда на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот.
Втората награда му беше доделена на унгарскиот филм на Ласло Немеш „Saul fia“ (Синот на Саул/Савле), кој ја раскажува трагедијата на затвореник Евреин во нацистичкиот логор Аушвиц, кој го пронаоѓа својот син меѓу убиените деца. Третата награда ѝ припадна на љубовната приказна „The Lobster“ на грчкиот режисер Јоргос Лантимос, кој зборува за осаменици кои се претвораат во животни, доколку не можат да најдат партнер, во кој настапуваат Колин Фарел, Џесика Барден и Ракел Велч.
Тајванскиот режисер Хоу Хсиао-Хсиен ја освои наградата за најдобра режија, за филмот „Nie Yinniang“ (Убиец). Станува збор за приказна за жена од Кина, платен убиец, којашто се вљубува во човекот кого треба да го убие. Наградата за најдобар драмски филм ја доби „Chronicles“ (Хроники) на Мишел Франко кој зборува за моралните притисоци на медицинските сестри кои ги негуваат пациентите до последниот миг.
Наградата за најдобра женска улога ја поделија Американката Руни Мара, којашто настапи во филмот за лезбиската љубов „ Carol“ (Керол) на режисерот Тод Хејни, и Французинката Емануел Берко, за ролјата во филмот „Mon roi“ (Мојот крал), во режија на Мевен Беско.
Наградата за најдобар актер, исто така, останува во Франција и му припадна на Ванса Лaндо, за насловната ролја во за неговото остварување во филмот „La loi du marche“ (Законот на пазарот) на Стефен Бриз.