Published: Monday, May 25, 2015 13:01
Конзервативецот Анджеј Дуда, кандидат на десничарската партија Право и правда, победи во вториот круг на претседателските избори во Полска со 53 отсто од гласовите и го победи досегашниот претседател – Бронислав Коморовски.
Полскиот претседател Бронислав Коморовски го призна поразот од неговиот ривал Анджеј Дуда на вчерашниот втор круг од претседателските избори.
Дуда победи и во првиот круг што се одржа на 10 мај. Коморовски изјави дека ја почитува волјата на гласачите додавајќи дека му посакува на неговиот противкандидат успешно претседателствување“.
Победата на 43 годишниот Дуда е прва поголема изборна победа во изминативе 10 години за опозициската конзервативна партија Право и правда која е блиска со Католичката црква.




