Published: Monday, May 25, 2015 13:03
Дванаесет романски воени бродови, американски разурнувач и бугарски брод, како и околу 1.500 војници учествуваат на воената вежба „Посејдон Тризабец 2015“ во територијалните води на Романија и во меѓународните води на Црното Море.
Вежбата има за цел да ја зајакне соработката меѓу силите на НАТО во услови на различни закани во рамки на операција за одговор при кризи, вклучувајќи и акција за евакуација на цивили од зона на конфликт, која ќе се спроведе на военото пристаниште Костанца на 27 мај.




